Земјотрес претпладнево некоја минута по 11 часот е почуствуван во Македонија.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа за МИА дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на 170 километри западно од Скопје, во соседна Албанија.
Повеќе детали од Сеизмолошката опсерваторија најавуваат за подоцна.
Албанските медиуми јавија дека земјотресот е со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала и оти е почувствуван во Црна Гора, во Косово, во Србија и во Македонија.