ГДУ: Хазби Лика, што стана со вработените по Рамковен?

510

Во јавната администрација и натаму има фиктивно вработени. Операцијата за „активирање“ на лицата кои беа вработени по Рамковниот договор и кои со години земаа плата, а не одеа на работа е блокирана, реагира Граѓанско-демократската унија (ГДУ).

„Голем дел од државните службеници на кои им беше понудено, како и сите останати да си ја заработат платата, не се појавуваат на работните места, а и натаму си добиваат плата за седење дома. Според она што го слушнавме од надлежните имаа можност и доколку не им се допаѓа понуденото, да одбијат, па дека ќе добијат нова понуда и ако и тогаш не прифатат ќе им се раскине договорот. Но и покрај сите привилегии за најпривилегираните административци, гледаме како законот грубо се крши, милиони од буџетските средства се одвојуваат за неработење, одговорност нема, а вицепремиерот Хазби Лика се крие од јавноста“, се наведува во реакцијата на ГДУ.

Оттаму потсетуваат дека токму вицепремиерот е дел од Советот за реформи во јавната администрација, кој се формираше лани во рамки на Планот 3-6-9 и требаше да ја следи реализацијата на стратегијата за ефикасна, професионална и посветена државна служба.

„Вицепремиерот мора да излезе и да ѝ одговори на јавноста: Зошто овие лица не одат на работа и врз основ на што уште добиваат плата? Дали воопшто им било понудено одредено работно место, и ако им било дали одбиле, па и покрај тоа сѐ уште се во работен однос? Дали вака се следат европските правила? Дали на овој начин ќе департизира и професионализира јавната администрација?“, прашува ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...