Дрон на Гринпис удри во француска нуклеарна постројка

156

Активисти на Гринпис соопштија дека нивен дрон удрил во француската нуклеарна постројка со цел да се докаже дека има недостатоци во безбедноста на објектот.

Дронот удри во кулата во Буге, околу 30 километри од Лион.

Гринпис наведува дека дронот бил безопасен, но оти постапката покажа недостиг на безбедност на нуклеарните постројки во Франција.

Групата за заштита на животната средина и претходно укажуваше на лошата безбедност во Франција. Минатата недела 19 активисти на Гринпис добија условни казни поради упад во една нуклеарна централа во ноември 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...