Давеник се удави откако паднал во ископ полн со вода во населбата Илинден во Скопје.
Противпожарната единица на Град Скопје интервенирала при вадењето на телото кое траело околу еден час, од 14.40 – 15.40 часот.
На терен излегле петмина пожарникари со две возила.
ОБНОВЕНО
По идентификувањето на телото, надлежните потврдија дека станува збор за 13-годишно девојче.
На местото на ископот полн со вода било предвидено да се гради зграда.