Во Скопје само од 200 семејства исфрлени 16 тони електронски отпад

175

Собрани се над 16 тони отпад од електрични и електронски уреди од околу 200 домаќинства во Скопје и околината во изминатите два месеци во акција на „Екон електрон“ и „Екоцентар 97“.

Просечно со акцијата, од едно домаќинство биле подигнати по 80 килограми уреди.

Организаторите се заблагодаруваат на граѓаните за нивно учество во акцијата и апелираат за подигање на свеста за значењето уредите да бидат соодветно депонирани и подготвени за рециклирање.

Од „Екон електрон“ информираат дека целта на акцијата е заштита на животната средина од опасниот и штетен отпад, а притоа придонес за локалниот економски развој преку ангажирање на ресурси и персонал за собирање и натамошно постапување со опасниот материјал од овие уреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...