Истекува рокот за пријавување на коњаниците за Илинденскиот марш

74

Утре истекува рокот за пријавување коњаници за учество на традиционалниот Илинденски марш, кој оваа година се одржува јубилејно по 40-ти пат, соопшти Општина Аеродром.

Подготовките за маршот ќе почнат наредниот викенд покрај кејот на реката Вардар, а досега се пријавени 20 коњаници, меѓу кои и две девојки.

Инаку, на маршот, кој на 27-ми јули ќе стартува од Општина Аеродром, ќе се приклучат и коњаници од: Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид, а традиционално ќе заврши на 2-ри август во Крушево.

Организатор на традиционалната манифестација е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а Општина Аеродром и оваа година финансиски го поддржува настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...