ВИДЕО Мицкоски со поезија ќе ги крева струмичани на протест: Пустото, боли пече….

512

Јас како и многумина од ВМРО-ДПМНЕ сме одлучни дека ќе одиме до крај и нема назад се до конечната победа која ќе и донесе победа на Македонија. Време е да се чуе нашиот заеднички глас и затоа продолжуваме со борбата за Македонија, повикува Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ на протестен марш во Струмица, во недела со почеток во 13 часот во своето најново видео обраќање.

Во негов препознатив поетски стил, Мицкоски рецитира за секојдневието на македонските граѓани, но и за постигнатиот Договор со Грција.

-Дополнително ти вели премиерот името Македонија морало да се избрише, ама пустото боли, пече, затоа што тоа е името под чиј бајрак и име растеле и умирале твоите предци, и под чиј код се родени твоите деца. Името кое го изговараш со чест, достоинство и трепет во душата и сега ти велат морало да се откажеш затоа што само така ќе било подобро, а ти знаеш дека тоа не е така.
Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема.
Вистинското прашање е дали може поинаку? – вели Мицкоски.

Собирно место е во паркот во Струмица по шеталиштето па се до општината Струмица.

-Заеднички сложно одлучно, како и многупати што ќе се сретнеме, обединиме, собереме ова лето за Македонија ќе кажеме МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ, вели Мицкоски во обраќањето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...