Британска здравствена работничка уапсена поради убиство на осум бебиња

164

Британската полиција соопшти денеска дека уапсила една здравствена работничка под сомнеж дека убила осум бебиња и се обидела да убие уште шест други на одделение за новороденчиња во северозападна Англија.

Истрагата за смртта на 17 бебиња и 15 „нефатални колапси“ на Одделението на болницата „Грофицата од Честер“ во Честер во перидот од март 2015 до јуни 2016 година, трае повеќе од една година.

Полицијата соопшти дека денеска уапсила жена, која „професионално се занимава со здравствена нега“, под сомнеж дека извршила убиство и обид за убиство.

Во соопштението не е наведено името на жената, ниту детали поврзани со нејзината работа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...