Двесет и седумгодишната А.Д. од Скопје пријавила во полиција дека во 18 часот била киднапирана од поранешното момче Ф.Ќ (22). Додека стоела на автобуската постојка на Бит Пазар, истиот ја повикaл да влезе во неговото возило, а потоа излегол од него и насилно ја внел во возилото со цел да разговараат за причините за прекинатата љубовна врска. Потоа се упатиле кон Парк шумата „Гази Баба“ каде физички ја нападнал.
Бившото момче и ги одзел личните документи и се оддалечил од местото на настанот, а по кратко време ја пресретнал и ја однел со возилото на бензинска пумпа каде побарала помош од вработените.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.