Во дополнителна доказна постапка за случајот на СЈО „Труст“, каде првообвинет за нелегален тендер од 17 милиони евра е бизнисменот Сеад Кочан, во Кривичниот суд утринава беа објавени 10 нови бомби, пишува СДК.мк.
Во разговорите главно меѓу генералниот секретар на владата Кирил Божиновски и директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски, тие мака мачат што Кочан, но и „Силекс неметали“ не ги исполнуваат условите, па се состанчи Кирил со нив во Владата, за да ги здружат и да победат на тој тендер.
„Овие двете големи компании ќе си одат сами, а овие тројцава, ќе ги здружиме. Ако се појави некој поевтин, ќе го попапаат. Но ако не добие дебелиот, ние ќе изгубиме“, анализира Божиновски пред Чинговски. СЈО појасни дека „дебелиот“ е Горан Иванов, сопственик на „Силекс неметали“, чиј управител е Василије Авировиќ, второобвинет.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.