Австрискиот канцелар Себастијан Курц, на пленарната седница на Европскиот Парламент ги презентираше приоритетите на австриското претседавање со ЕУ, кое започна на 1 јули и ќе трае до 31 декември 2018 година, нагаласувајќи дека Западниот Балкан ќе фигурира на врвот на оваа листа.
– Европскиот проект ќе биде целосен само кога Западниот Балкан ќе и припаѓа на нашата заедница на нации – изјави Курц.
Тој посочи дека земјите од Западниот Балкан „не само што имаат европска перспектива која ја заслужија, туку заслужија и членство во ЕУ, и затоа го поддржуваме процесот на пристапување“.
– Воодушевен сум што спорот за името конечно се реши и што Албанија и Македонија се сега во позиција да отворат преговори, иако сакавме побрз процес.
Тој додаде дека е потребен постојан прогрес на патот кон членство во ЕУ и дека само така Унијата ќе успее да им се спротистави на другите земји кои го зголемуваат своето влијание во регионот.
– Мораме да се осигураме дека ќе го комплетираме проектот на ЕУ и да ги внесеме овие земји во ЕУ – рече австрискиот канцелар.