Преку „Сите сити“ 16.000 оброци до социјално загрозени граѓани

73

Преку системот за донирање вишок храна „Сите сити“ се донирани пет тона вишок храна или 16.000 оброци до социјално загрозени граѓани.

– Ова претставува најголема донација на храна досега и се радуваме дека заедно со оваа донација преку „Сите сити“ се донираа девет тони храна или 28.000 оброци до социјално загрозени граѓани – истакнуваат од „Ајде Македонија“, кои го воспоставија системот „Сите сити“.

Оттаму ги повикуваат сите општествено одговорни бизниси да го следат примерот на компанијата „Виталиа“, која е донатор на денеска дистрибуираните оброци, да се вклучат со донирање, наместо да ја фрлаат храната, бидејќи таа им е исклучително потребна на илјадници социјално загрозени граѓани.

Воспоставувањето на првиот систем за донирање на вишок храна во Македонија, „Сите сити“, го создаде „Ајде Македонија“ со поддршка на Швајцарската амбасада во Македонија, УСАИД, Мировниот Корпус, Националниот Демократски Институт и Публицис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...