Законот за данокот на додадена вредност, како и за предлог – законот за изменување и дополнување на законот за Академијата за судии и јавни обвинители, се дел од денешната седница на Владата.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика, министрите на седницата ќе го разгледаат предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на децата, како и информацијата за изградба на дневен центар за деца со аутизам.
Пред министрите ќе се најде и информацијата за изградба на пругата Бељаковце – Крива Паланка, за периодот до 15 мај 2018 година.
На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната седница Владата исто така, ќе ги разгледа предлог – програмите за изменување на програмите за финансиска поддршка во земјоделството, во рибарството и аквакултурата и за поддршка на руралниот развој – сите за тековната, 2018-та година.
На 77-мата седница, како материјал за информирање, Владата ќе го разгледа конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2016 година на Министерството за култура.