Во согласност со предлог на Европската комисија, до крајот на јули би требало да биде подготвен и на онлајн платформите и социјалните мрежи да им биде претставен Кодекс за пракса за борба против дезинформациите, како начин за борба против лажните вести и манипулации со информациите.
Комисијата во исто време ги повика државите членки на ЕУ да ја зголемат поддршката на квалитетното новинарство, за да обезбедат плуралистичко, разновидно и одржливо медиумско опкружување.
Дезинформацијата инаку се дефинира како „проверливо лажна информација, која е создадена, претставена и проширена поради економски профит или со цел јавноста намерно да се излаже и може да ѝ наштети на јавноста“.
Европската комисија истакнува дека платформите и социјалните медиуми мора „одлучно да ги зголемат своите напори“ за да ги затворат лажните профили и да го ограничат целното политичко огласување.
Комисијата предупредува дека ако не се направи тоа, ќе примени регулаторни мерки.