Деветмина насилници од крвавиот четврток од условно ќе одат в затвор

Апелацискиот суд решенијата со изменетата одлука за ефективен затвор денеска ќе ги препрати до Кривичниот суд.

976

Апелацискиот суд Скопје ги преиначи условните казни за девет лица за учество во толпа за време на насилство во Собранието на 27 април минатата година, во казна ефективен затвор.

Деветмината обвинети лани во мај признаа дека учествувале во толпа која сторила насилство, а Кривичниот суд на сите им пресуди условни казни.

Апелацискиот суд по жалбите на Обвинителството, условните ги преиначи во ефективни затворски казни за сите девет лица.

Од Судот информираат дека највисока казна доби Димче Ристовски – Жабата и изнесува една година и шест месеци, седуммина добија казни во траење од една година, а едно лице е осудено на осум месеци затвор.

Апелацискиот суд решенијата со изменетата одлука за ефективен затвор денеска ќе ги препрати до Кривичниот суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...