„Стандард“: Хрватска пет години балансира на работ на ЕУ

264

Влезот на Хрватска во Европска унија пред се беше психолошки важно за Хрватите бидејќи сакаа да се дистанцираат од постјугословенските држави на југ и во исто време да завршат со ерата на транзицијата, но по приемот уследи зајакнување на екстремно конзервативните, националистичките и либералните сили, објави денеска австрискиот весник „Стандард“ по повод петгодишнината од приемот на земјата во ЕУ.

„Стандард“ посочува дека и во Хрватска, како и во многу други држави од Централна и Источна Европа, брзо по приемот е забележано дека Брисел повеќе не може да изврши никаков реформски притисок, а тоа доведе до зајакнување на екстремно националистичките сили.

Весникот истакнува дека имало бројни иницијативи и референдуми за зајакнување на екстремно конзервативните слики на семејството и општеството, поддржани од Хрватската католичка служба, која во споредба со црквите од другите европски држави е многуи подесно ориентирана.

„Стандард“ наведува и дека Хрватите не се покажале многу како Европејци.

– Во Европски парламент со недоверба се гледа на хрватските пратеници, бидејќи тие се истакнаа пред се со тоа што се залагаа за интересите на херцеговските националисти, посочува виенскиот весник.

„Стандард“ истакнува дека и покрај споровите со соседите постои одредено постјугословенско заедништво, наведувајќи го примерот дека голем број Словенци летуваат во Хрватска, како и истражувањето дека 64 отсто од Хрватите навијаа за Србија против Бразил на Светското првенство во Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...