Единствената околност која го спасила по Зијадин Села за време на нападот во Собранието на 27 април е фактот што напаѓачите мислеле дека Села е веќе мртов, рече обвинителот Дарко Јакимовски во неговиот завршен збор за случајот за обидот за убиство на лидерот на Алијансата на Албанците.
Тој побара од судот осудителна пресуда за сите седум обвинети, а при одлуката посочи да се земат предвид сите отежнителни и олеснителни околности.
– Обвинетите биле свесни во каква состојба се затекнатите пратеници, новинари и членови на обезбедувањето, не само што биле свесни туку и се заканувале, убивале, мавале… – рече обвинителот.
Тој во неговото излагање пред судот ги наведе дејствијата кои според обвинението ги презеле сите обвинети. Кој го извлекол Села од групата пратеници во прес-салата, кој и како удирал, како бил изнесен од прес-салата… беа дејствијата на кои од обвинителството потсетија во нивните завршни зборови.
– Неспорно е дека има и други непознати лица кои го напаѓаат по Села, но неспорно и дека и сите обвинети овде учествувале во нападот – рече обвинителот.
Клучен момент за она што понатаму му се случува на Села е неговото извлекување од групата пратеници.
– Кој било друг од пратениците не се здоби со последници опасни по живот само затоа што не биле одделени од групата – рече Јакимовски.
Обвинителот зборуваше и за лекарските вештачења за повредите на Села кои беа изведени во текот на судскиот процес.
Адвокатот на Зијадин Села, Абедин Абдули рече дека тој се приклучува на тоа што го кажа обвинителот и оти останува на тоа што го побара уште на самиот почеток на судењето во воведените зборови – оштета од еден милион евра.