Бебе оставено пред Домот за доенчиња во Битола

124

Женско бебе на возраст од околу една недела е оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола.

Бебето е пронајдено синоќа во 23.45 часот од страна на педесетгодишниот битолчанец З.Б.

За случајот е известен Центарот за социјални работи во Битола по што социјален работник излегол на местото на настанот и извршен е разговор со З.Б..

Новороденчето е оставено во Домот за доенчиња и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...