Најпрво да ви честитам роденден господине Данев – му рече собранискиот претседател Талат Џафери на Драган Данев, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ откако денеска реагираше на седницата за пратенички прашања која доцнеше половина час и е закажана во исто време со комисиската расправа за европски прашашања.
Драган Данев денеска прославува 44 години.
-Владата и парламентарното мнозинство се неодговорни пред граѓаните. Половина час доцни седницата, вие сте непрофесионални и ги потценувате интересите на граѓаните – рече Данев.
Данев праша зошто денешната седница за пратенички прашања не била закажана за друг ден за да не се поклопи со седницата на Комисијата за европски прашања , на што Џафери одговори дека тоа било направено поради негово престојно службено патување.