Премиерот Заев половина час ги чекаше пратениците

1196

Почна собраниската седница за пратенички прашања со задоцнување од половина час поради службени обврски на собранискиот претседател Талат Џафери кој се извини поради тоа и кажа дека премерот Зоран Заев бил дојден во Собранието точно на време.

Џафери истакна дека досега прв пат се случува премиер да ги чека пратениците и го пофали Заев кој дошол во Собранието во 11 часот кога требаше да почне седницата на која пратениците поставуваат прашања.

-Јавноста знае дека јас сум точен во повеќе случаи, но денеска имав службени работи. Не седев во канцеларија. И јас сум човек и можам да доцнам половина час – објасни Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...