Хрватска патува во четвртфинале

886

Хрватската репрезентација по изведувањето на пенали, ја совлада Данска со 4-3, откако мечот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши 1-1, во четвртиот осминафинален натпревар на стадионот во Нижни Новгород.

Ракитиќ, Модриќ и Крамариќ погодија за Хрватска во пенал серијата, а Субашиќ одбрани три пенали на Данците.

Во четвртфиналето Хрватска ќе игра во сабота на 7 јули, во Сочи против Русија.

Токму домаќинот на Мундијалот, во првото денешно осминафинале исто така на пенали ја совлада Шпанија, откако резултатот по 120 минути беше 1:1.

За пласман во четвртфиналето на Мундијалот од трибините ги бодреше и претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...