Мареј се откажа од Вимблдон

131

Британскиот тенисер Енди Мареј нема да учествува на годинашното издание на Грен слемот Вимблдон поради хронична повреда на колкот.

Двократниот победник на престижниот турнир до последен момент веруваше дека ќе се подготви за Вимблдон, но тоа не се случи.

– Жалам што морав да донесам таква одлука. Иако последниот период полека се враќав во форма, имав напредок на тренинзите, но во консултација со мојот медицински тим одлучив дека најдобро е да не настапам. Играње во три добиени сета е прерано за мојата ситуација. Продолжувам со работа и се надевам на скоро враќање на терените – изјави Мареј.

Вимблдон почнува утре и ќе се игра следните две седмици (до 15 јули).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...