Соопштение за јавноста: Вчера околу 02:00 по полноќ во „Сектор 909“ влегоа, полицајци, алфи, специјалци (наоружани сериозно), инспекции (сите можни). Не тераа да изгасиме музика за да направеле проверка, само 5мин. Ми викаа (јас не се согласив) зошто тоа е исто како на концерт да дојдат кај Тамара на пример и да речат нека престане да пее проверка да напрајме па нека продужи. Едниот од униформираните полицајци дрско влезе во Dj -кабина и почна кабли да влече да прекине музика, дечките прекинаа тој им зема лични карти и ги запишуваше со изгасната музика пред полн подиум, јас на тоа не можев да ќутам и пуштив музика, одма после тоа бев уапсен (спектакуларно) пред цела публика, за да ме уапсат кажа една од инспекторките (не се појави у станица).
Следело претресување и тормозење гости и бркање еден по еден надвор од диското, забавата е прекината.
Јас сум институциите да прават контроли и да бркаат криминал али НИКАКО на ваков начин. Мора да се идентификува „човекот” што дал наредба контролата да се одвива на тој (малограѓански начин), ова е срам за полицијата а најголем СРАМ за нашата земја Македонија.
Ако од овој случај не излезе правдата, јас Огнен Узуновски ќе почнам со нови протести, поинакви од минатите, убеден сум дека ќе ме следат голем број културни млади луѓе на кои им е преку глава од вакви угнетувања од страна на институциите вклучувајќи го МВР. Не можете да ја победите љубовта ❤. #нашатацелеиднината #Сектор909
(статус на Фејсбук на Огнен Узуновски Оги, газдата на дискотеката „Сектор“, кој синоќа беше приведен)
фото: радио МОФ