Околу 11 отсто од младите користат опојни дроги, покажале истражувањата на студентите од Правниот факултет на штипскиот Универзитет, спроведено на репрезентативен примерок кај 405 средношколци и студенти во Источниот регион, објави Сител.
– Најчесто злоупотребувана дрога е марихуаната, но исто така имаме злоупотреба на лековите за смирување, изјави Анѓела Димеска, студент на Правен факултет – УГД.