Полициски службеници синоќа упаднале во повеќе ноќни клубови во Скопје и ги легитимирале посетителите.
Меѓу клубовите е и култниот скопски клуб „Сектор“, објавија посетителите преку социјалните мрежи, револтирани од некоректниот однос на полицијата, објави Радио МОФ.
Очевидци пишуваат дека полицајци вооружени со автоматско оружје барале да се изгаси музиката во „Сектор“, како и дека бил приведен сопственикот на дискотеката бидејќи се спротивставил на тоа барање.
Во денешниот билтен на МВР нема информации за настанот.