На преминот „Богородица“ се чека 50 минути, на „Дојран“ половина час

Од дежурната служба на ГП „Богородица“ велат дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но застојот е од грчка страна и засега не се познати причините. Поради тоа побавно се пропуштаат возилата и се чека 45 до 50 минути.

185

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е до 50, односно 30 минути.

Од дежурната служба на ГП „Богородица“ велат дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но застојот е од грчка страна и засега не се познати причините. Поради тоа побавно се пропуштаат возилата и се чека 45 до 50 минути.

Од таму додаваат дека очекуваат со таквиот проток на сообраќај за половина час двете граници да бидат споени со возила.

Според последните податоци на Автомотосојузот на Македонија, на ГП „Дојран“ се чека од 15 до 30 минути, а на останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и за излез од државава.

АМСМ информира и за зголемен интензитет на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...