Претседателот на Парламентот Талат Џафери во интервју за ТВ 21 рече дека ако претседателот на државата Ѓорге Иванов не го потпише указот за законот со кој се затвора прашањето за името, тој по второто гласање во Парламентот овој закон и претходниот Закон за јазиците ќе ги прати на објавување во Службен весник само со неговиот потпис, согласно Уставот.
– Јас, кога одби да го потпише указот за Законот за јазиците, преку посредник побарав да се сретнам со Иванов но до ден денеска одговор не добив, едноставно тој решил да не комуницира. Видовте како помина средбата на премиерот и шефот на дипломатијата кога отидоа да му го однесат договорот со Грција – изјави Џафери.