Костовски: „Службен весник“ нема да биде пречка за напредните процеси

1263

Директорот на „Службен весник“, Мартин Костовски, само еден ден по изјавата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека ако шефот на државата не ги потпише двата закона, тогаш тој само со негов потпис ќе ги достави до „Службен весник“ за објавување, за Алсат-М вели:

– Ќе се водам по сите позитивни правни прописи во Република Македонија, но притоа јавното претпријатие „Службен весник“ како институција воопшто нема да биде пречка за напредните и прогресивни процеси во кои тргнува Република Македонија – вели директорот Костовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...