На диво лекувал рак на кожа, болните добиле изгореници

1062

Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши контрола кај ресенчанец  кој подолг период „лекувал“ пациенти со рак на кожата и други дерматолошки проблеми со лек кој самиот го подготвувал.

Лекувал во амбуланта во селото Џепшиште кај Тетово, и тоа секоја недела од 09 до 15 часот. За еден третман, пациентите плаќале по 500 денари, а им било препорачувано да се третираат два пати на ден, објави Алсат-М.

„Инспекторатот издаде забрана за вршење на утврдената активност на Н.П., како и забрана за работење во амбулантата „Натура Медика“ во Џепчиште“, информирале  од здравствениот инспекторат.

Од Клиниката за пластична хирургија во Скопје за Алсат-М изјавиле дека по направените анализи на пациентите било утврдено дека претрпеле хемиски изгореници на кожата и оти тоа дополнително им го компликува процесот на лекување.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...