Репрезентацијата на Франција се пласира помеѓу осумте најдобри на Светското фудбалско првенство во Русија, откако попладнево ја победи Аргентина со 4:3.
Најзаслужен за триумфот на „триколорите“ беше Килијан Мбапе кој постигна два гола и изнуди еден пенал. Покрај него за Французите погодија и Антоан Гризман од пенал и Бенџамин Павар.
Головите за Аргентина ги дадоа Анхел ди Мариа, Меркадо и Серхио Агуеро.
Во 1/4 финалето Франција ќе игра в петок (6 јули), во Нижни Новгород со победникот од средбата Уругвај – Португалија закажана за вечерва во 20 часот.
Инаку, 19-годишниот Килија Мбапе стана шестиот играч на возраст до 20 години кој погодил во плеј-офот на фудбалски Мундијал. Денеска Французинот има точно 19 години и 192 дена.
На помлада возраст од него погодиле само Пеле, Мајкл Овен и Џулијан Грин.
Покрај тоа, Мбапе е трет стрелец кој постигнал повеќе од еден гол.
Пред него такво достигнување има Бразилецот Пеле на 17-годишна возраст и Германецот Едмунд Конен на 19-годишна возраст.