Градот Скопје информира дека денеска во координација со јавните градски претпријатија спроведе акција за чистење на Клиничкиот центар во Скопје.
Во рамките на оваа акција, екипите на јавните градски претпријатија во рамки на комплексот ги метеа и ги миеја пешачките патеки, улиците и паркинзите, ги расчистуваа јавните површини од отпадоци, ги чистеа шахтите, сливниците и канализациската мрежа, ги кастреа гранките на дрвјата и го чистеа зеленилото, соопшти Градот.
„Град Скопје иако нема обврска на чистење во рамките на Клиничкиот центар, сепак хигиената е врвен приоритет на градот, па затоа реши повторно да се вклучи и помогне во чистењето, а кога станува збор за здравјето на граѓаните, Град Скопје секогаш ќе стои на располагање со својата помош. Исто така, Град Скопје ги повика граѓаните совесно да ја оддржуваат и се грижат за хигиената во градот и да се вклучат во сите активности што ќе придонесат за почисто Скопје“, се наведува во соопштението.