Општина Карпош, до овој момент, нема примено никаков допис во вид на барање информации и податоци за доставување државна урбанистичко – планска документација за прифатен центар за странци во Бардовци, од страна на Агенцијата за планирање на просторот. Целосно ги демантираме информациите кои се пласираа на социјалните мрежи дека ваков прифатен центар ќе се гради во Бардовци, велат од Општина Карпош.
Општина Карпош истакнува дека исклучиво опстојува на определбата за плански развој на локалната самоуправа, а прифатниот центар за странци не е дел од планот за развој на Бардовци или на кој било друг дел од Карпош.