Навивачка на Бразил починала додека го славела триумфот над Србија

Таа изгубила рамнотежата, се обидела да се фати за масичката за да не падне, но таа се лизнала и паднала на скршено стакло. Парчиња од стаклото и го пресекле вратот што предизвикало фатален исход.

499

Навивачка на бразилската фудбалска репрезентација го загуби животот за време на прославата на победата над Србија, објавија локалните медиуми.

Трагедијата се случила кога 30-годишната Тамра Мајочи го следела натпреварот со пријателите во Итачиба (држава Сао Паоло). Кога друштвото го прославувало успехот на „кариоките“, жената сакала да седна на каучот со чаша вино. Одеднаш таа изгубила рамнотежата, се обидела да се фати за масичката за да не падне, но таа се лизнала и паднала на скршено стакло. Парчиња од стаклото и го пресекле вратот што предизвикало фатален исход.

Бразил во средата вечер ја победи Србија со 2:0 и се пласира во осминафиналето.

Светското првенство 2018 се одржува во Русија од 14 јуни до 15 јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...