До пладне повеќе сонце, помалку облаци

198

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со подолги сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне, пак, ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе биде со засилен интензитет.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 17, а дневните, највисоки, во интервал од 21 до 30 степени Целзиусови.

Од утре ќе биде претежно сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...