Урнат светски рекорд: Во Оман, ноќе измерена највисоката температура во историјата

3288

Во градот Куриат во Оман вчера е забележана нависоката ноќна температура во историјата, со што е урнат досегашниот светски рекорд. Околу 50.000 жители на градот во текот на ноќта се грееле на 42.6 степени Целзиусови.

– Ова е нов светски рекорд за највисока температура ноќе во историајта на мерењето – изјавил метеоролошкиот стручњак Максимилијано Херера.

Претходниот рекорд изнесувал 41.9 Целзиусови степени измерени на 27 јуни 2011 година, повторно во Оман, на аеродромот Кхасабу.

Метеорологот на CNN Брандон Милер изјавил дека до волку висока температура во Куриат дошло поради неговата положба на брегот на Оманскиот залив.

– Високите температури доаѓаат од Арапскиот полуостров, а топлиот и влажен воздух доаѓа од Оманскиот залив. Кога ќе се сретнат, доаѓа до екстремни жештини и екстремни ноќни температури, бидејќи воздухот во текот на ноќта не може да се разлади поради влагата – рекол Милер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...