„Бомбите“ ќе бидат доказ за провизиите од кинеските автопатишта

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

641

Судот го одби барањето на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски и „бомбите“ ќе бидат докази во случајот со провизии од кинеските автопатишта и во случајот на СЈО „Траекторија“ денеска започнаа воведните говори.

Одбраната на обвинетите се сомневаше дека можеби прислушуваните разговори се менувани, а Судот дополнително го одби барањето на Груевск, кој е еден од обвинетите, да се отфрли и вештачењето на СЈО.

Во „Траекторија“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Четворицата се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...