В недела не возете кон средно Водно ќе се одржи Европско планинско трчање

280

На 1 јули во Скопје  на Водно со почеток во 9 часот ќе се организира 17-то Европско првенство во планинско трчање во машка и женска конкуренција ( сениори и младинци ). За време на натпреварот  ќе биде забранет сообраќајот на улицата „Тодор Александров“ која води до средно Водно кај Турската резиденција. Затворена за сообраќај ќе биде и улицата која води од Горно Нерези до средно Водно кај ресторанот Кна.

Забраната за сообраќај нема да важи за редовните линии на ЈСП кој сообраќаат до Средно водно.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...