Ако може да им се верува на стереотипите, сопругите на фудбалерите немаат своја професија и свои приходи, а нивните сопрузи и момчиња се трудат да им ги исполнат сите нивни желби. Најголем број на таканаречените WAG убавици се бивши манекенки кои престанале да работат откако се омажиле за славните фубалери. Најголем број од нив се бивши манекенки кои престанале да работат откако се омажиле за славните фудбалери.
Со оглед на фактот дека нивните мажи заработуваат дебели суми, тие не се грижат колку трошат, а злобните јазици ќе речат дека нивна единствена работа е да бидат убави, трпеливи и добри мајки полни со поддршка.
Сепак, некои од најславните фудбалери на сите времиња за животни сопатнички избрале успешни жени на кои не мора да им ги даваат своите кредитни картички.
Најпозната од нив е секако Викторија Бекам, која на почетокот на врската со Дејвид Бекам била многу побогата од него. Иако Бекам заработил милиони, Викторија секогаш заработувала „брдо пари“. Прво била членка на мегапопуларната група „Спајс грлс“,а подоцна направила модно црство тешко милиони долари.
На Шакира исто така не и требаат парите на нејзиниот партнер Жерар Пике. Тие се во складна врска веќе осум години, но Пике никогаш не ја достигнал славата на својата девојка, ниту висината на нејзината банкарска сметка.
Хелена Сегар, животна партнерка на Златан Ибрахимовиќ со години е во голем бизнис. Хелена од Златан е постара 11. години а некои сметаат дека Ибрахиимовиќ и вон теренот заработил милиони благодарение на знаењето на својата сопруга која најдобро знае каде треба да се вложат парите.