Паника во ПСЖ, се повреди и Мбапе

244

Во незгоден момент, по повредата на Нејмар, ПСЖ се соочува со уште еден повреден фудбалер кој е од големо значење за тимот. Се работи за напаѓачот Килијан Мбапе кој синоќа на мечот со Олимпик Марсеј беше заменет на полувремето.

Тренерот Унаи Емери беше повнимателен во изјавата, откако во случајот со Нејмар побрза да изјави дека Бразилецот нема да биде опериран и најверојатно ќе игра против Реал Мадрид што се покажа како неточно.

– Мбапе доби удар во глуждот и сам побара замена. Се надевам да не е ништо сериозно, рече Емери на прес-конференцијата по дуелот во Париз.

Добрата вест за навивачите на ПСЖ е одличната форма на Анхел ди Марија, кој се очекува да го заземе местото на Нејмар во реваншот против Реал од осминафиналето во Лигата на шампионите. Тој синоќа постигна два гола во победата од 3:0.

ПСЖ го пречекува Реал Мадрид на 6 март и ќе се обиде да ги анулира двата гола предност (3:1) на шпанскиот и европски шампион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...