Песков: Членството на Македонија во НАТО е нејзино суверено право

451

Приклучувањето на Македонија во НАТО е суверено право на земјата. Москва негува добри односи со Скопје, но се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Тоа е суверена одлука на самата Македонија. Ние ги цениме и одржуваме добри односи со Македонија. Се разбира, заинтересирани сме за развој на билатералната соработка. Но, што се однесува до приближувањато на НАТО и неговата инфраструктура кон нашите граници, познат е ставот на Москва за тој процес и во тој поглед ништо не е променето – одговори Песков на новинарско прашање за ставот на Кремљ за приклучувањето на Македонија во НАТО.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...