Скопјанец на возраст од 38 години синоќа околу 22 часот бил нападнат од глутница кучиња во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Тој се здобил со повреди на десната нова.
Ден претходно, пак, во скопската полиција имало уште две пријави за напад од кучиња. Околу 19 часот 75-годишник бил нападнат од куче скитник кое го каснало кај левата надколеница.
Во другиот случај пак, куче скитник каснало маж на возраст од 51 година во пределот на десната подколеница.