Заев: Конечно, имаме цело време да се посветиме на внатрешните реформи

519

Владата во изминатата година паралелно ги туркаше и внатрешните реформи и надворешната политика, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата со генералниот секретар нан НАТО Јенс Столтенберг, запрашан за критиките во јавноста дека Владата не се посветила доволно на домашните реформи, туку на надворешната политика.

– Слушаме за критиките дека многу сме се насочиле на дипломатските мисии, посебно решавајќи ги проблемите со Бугарија и Грција, но паралелно ги теравме реформите. Првата фаза од реформите ја поминавме, заедно со опозицијата се гласаа реформите во правосудството, сега следуваат втората и третата фаза. Конечно имаме цело време да биде посветени на реформите и економијата, рече Заев.

Оцени дека поканата за НАТО и отворањето на патот за преговори со ЕУ ќе придонесат исто така за тој дел.

– Верувам дека мотивацијата, како кај мене така и кај целата Влада, ќе биде и во сите институции во Република Македонија, но и кај нашите граѓани, знаејќи дека имаме што да сработиме дома, сите со своите обврски и задолженија. Јас сум убеден дека дефинитивно нешто вредно за кое се бореле генерации од осамостојувањето на Македонија, конечно го имаме на дофат, додаде премиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...