Ципрас и Столтенберг разговарале 20 минути, Македонија била една од темите

279

Договорот од Преспа и двајцата грчки војници кои и понатаму се во затвор во Турција, биле темите за кои разговарале грчкиот премиер и генералниот секретар на НАТО на нивната вчерашна средба на маргините на Европскиот совет во Брисел, според грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Средбата траеше околу 20 минути и според владини извори, господинот Ципрас истакна дека врз основа на потпишаниот договор јасна е рамката дека треба да се заврши целиот предвиден процес, за да се упати покана од НАТО до ПЈРМ. Господинот Столтенберг, од негова страна, рече дека договорот со НАТО е во овие рамки, пишува АНА-МПА – јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...