Ахмети: Албанците никогаш не биле проблем за Македонија за спорот со името

336

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека тој и неговата партија биле дел од преговорите за името, па дури и при давањето предлог за ново име. Во емисијата „Патот кон“ на Алсат, Ахмети истакна дека Албанците никогаш не биле проблем за Македонија при спорот за името.

На прашањето зошто во Договор во ниту еден ред не се спомнуваат Албанците, Ахмети вели:

– Не знам во каков контекст го велите ова, но Албанците во овој случај не беа проблемот во Република Македонија. Албанците беа активен дел кој придонесе за решавање на спорот.

Прашан дали новото име „Северна Македонија“ го одразува и идентитетот на Албанците, лидерот на ДУИ вели:

– Ние бевме дел од решението, бевме дел од процесот. Не случајно реков дека во последните 10 години интензивно имавме директни контакти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...