Ахмети: Не знам за случајот „Маѓар Телеком“, го добив на суд, но му го заборавив името на екс-разузнавачот

992

Не знам за каква проблематика станува збор за случајот „Маѓар Телеком“. Го добив на суд , не знам, му го заборавив името на поранешниот директор на УБК.

Вака лидерот на ДУИ Али Ахмети во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат одговори на прашањето дали има епилог на судскиот процес во кој тој и неговиот близок соработник Муса Џафери се товарат за земање мито.

Ахмети сакаше да остави впечаток дека не се сеќава дека е обвинет и за кој случај станува збор. Не се сети ниту на името на Слободан Богоевски, екс-директор на УБК.

Американската Комисија за хартии од вредност го отвори за јавноста исказот на Богоевски даден во постапката која се водеше против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар Телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи пред судот во Њујорк. Во него, Богоевски, меѓу другото, тврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар Телеком“ од по 2.5 милиони евра. Ахмети и Џафери тужеа поради ваквото тврдење и бараа отштета од 90 илјади евра. Процесот го добија но Богоевски нема да им плати материјална штета, бидејќи тужителите се повлекле од барањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...