Телеграма со сочувство од Заев по повод смртта на Перо Ивановски-Тиквар

2009

Премиерот Зоран Заев, по повод смртта на Перо Ивановски – Тиквар, упати телеграма со сочувство до Сојузот на Борците на Република Македонија.

– Великанот на НОВ и учесник на Првото заседание на АСНОМ, Перо Ивановски остави неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за ослободување, самобитност, државност и независност на татковината , се наведува во телеграмата од премиерот Заев.

Воедно, се нагласува дека преданоста кон идеалите и борбата за поубава и слободна Република Македонија, животниот пат на Ивановски го прават судбински испреплетен со патот на нашата татковина.

Перо Ивановски – Тиквар е роден 1920 година во Прилеп, бил учесник во НОВ, како и учесник на Првото заседание на АСНОМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...