Заев заедно со лидерите од Западен Балкан на средба со Јункер

Премиерот Зоран Заев денеска во Софија ќе учествува на работниот состанок на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

329

Премиерот Зоран Заев денеска во Софија ќе учествува на работниот состанок на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, со шефовите на држави и влади од Западен Балкан.

Тема на состанокот се можностите за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ и подобрување на меѓусебната поврзаност.

На состанокот ќе учествуват и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Хашим Тачи, членот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска полтика Јоханес Хан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...