Научниците веќе знаат дека најниските температури кои некогаш се измерени на Земјата, се на заледениот рт на источен Антартик, близу Јужниот пол. Но, неодамна е откриено дека температурите на тоа место можат да бидат уште пониски отколку што претходно се мислело, пишува Лајв Сајенс.
Со анализа на сателитските податоци од 2013 година за распрсканите џепови на многу студен воздух на источноантарктичкото плато, помеѓу Куполата Аргус и Фиџи, покажано е дека температурата на тоа подрачје може да падне на неверојатни – 93 степени Целзиусови. Но, новата анализа на истите податоци укажува дека под вистински околности температурата може да падне на скоро – 100 степени, велат истражувачите.
Попрецизно, измерени се дури – 98 степени Целзиусови. Научниците за новата студија ги анализирале податоците собрани во текот на јули и август, во периодот од 2004 до 2016 година. Најниската температура некогаш измерена во малите басени на источноантактичкото плато, на висина од 3.800 метри, на највиокиот дел на ледениот покрив.
Новите, рекордно ниски температури биле раширени на 100 локации, во вдлабнатините на широкиот дел од платото, навеле научниците, кои за новата анализа ги зеле предвид и факторите како сувоста на атмосферата, бидејќи сувиот воздух прави снежната покривка побрзо да ја губи топлината. Тие истакнале дека во текот на поларната зима времето во тоа подрачје е со ведро небо и слаб ветер. Таквите услови заедно може да ја оладат снежната површина и дополнително да се намали температурата, се истакнува во студијата.
На ледениот Антартик просечната температура во текот на зимата се движи околу – 34.4 степени.
-Новите, рекордни температури се веројатно најстудените кои се можни на Заемјата. Потребно е да биде екстремно ладно и екстремно суво неколку дена за да се достигнат толку екстремно ниски температури – изјави водачот на студијата Тед Скамбос, истражувач на Националниот центар за снег и мраз на Универзитетот Колорадо Болдер.
Истражувањето е објавено онлакј во журналот „Графички истражувачки писма“.