„Силвија“ ги разбуди креативците: Дајте друго име, смрзнавме! (ФОТО)

785

Македонските граѓани на социјалните мрежи постојано постираат досетки и шегобијни предлози, откако Македонија го потпиша договорот со Грција, а особено откако последниве десетина дена циклонот „Силвија“ ја зафати земјава.

Деновиве е популарен твитот „Дајте друго име, смрзнавме!“ зад кој стои шегаџијата со профил Сушанто Рој.

Се појави и фотографија со „новото“ знаме. Наглата промена на времето и циклонот „Силвија“ која донесе студ и дожд беа инспирација за креативците кои го стокмија и „новото“ знаме, кое наместо сонце има снегулка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...