ВМРО-НП е задоволна, но и разочарана од одлуката на ЕУ, очекува чиста покана од НАТО

797

ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Европскиот унија за отпочнување на преговори со Македонија за членство веќе од идната година. Сметаме дека со ова започнуваме ново поглавје, но и привршување на еден голем и мачен процес на реформи преку усогласување и исполнување на критериумите за конечно интегрирање на Македонија во Европската унија, соопштија од партијата.

Од ВМРО-НП, сепак, наведуваат дека воедно се и разочарани бидејќи и покрај фактот што Македонија веќе ги исполнува сите услови за целосно вклучување во ЕУ, не доби покана за отпочнување на преговорите уште оваа година.

Од друга страна, пак, наведуваат дека веруваат оти ќе добиеме покана за отпочнување на преговорите за членство во НАТО, бидејќи Македонија без сомневање со своето повеќегодишно залагање во однос на Евроатлантските интеграции заслужува да биде дел од Евроатлантското семејство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...